четврток, 9. јули 2020. Вести денес: 195
МЕГА БОМБА

Еве ја целата листа: Речиси цело семејство Заеви, министри, градоначалници и функционери на СДСМ добија кривични од Боки 13

Во живо

Мицкоски ја промовира програмата на ВМРО-ДПМНЕ во Гази Баба

home Вести

Трипуновски во Свети Николе, ги сослуша проблемите на земјоделците

Трипуновски во Свети Николе, ги сослуша проблемите на земјоделците

Денеска заменик министерот за земјоделство Цветан Трипуновски, го посети системот за наводнување во Црнилиште, Свети Николе, за да увиди со какви проблеми се соочуваат земјоделците од овој крај.

„Сезоната за наводнување требаше да започне на почетокот на месец април, а вода во каналот за прв пат е пуштена денес, тоа е задоцнување од два месеца. Но хидрантите и секундарната мрежа се нефункционални и со тоа земјоделците не можат да ја користат и оваа задоцнета вода за наводнување.

Со ова повторно се докажува неработењето и негрижата на оваа влада на СДСМ за македонските земјоделци. Затоа време е да ставиме крај на оваа ненародна и неодговорна власт и на нивно место да дојде нова гарнитура која вистински ја сака Македонија и ќе се грижи за сите граѓани на Македонија“, истакна тој.

Парламентарни избори 2020