среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 181
home Вести

Трипуновски: Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ, проблемите на земјоделците ќе бидат преточени во решенија

Трипуновски: Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ, проблемите на земјоделците ќе бидат преточени во решенија

“Денеска се наоѓаме во Василево, во струмичкиот регион, во најземјоделскиот крај на Република Македонија и од она што можев да го слушнам од граѓаните со кои што разговараме е дека селата се се попразни, а земјоделските политики кои што ги води СДСМ се погубни=.

Од разговорите слушнав дека локалната самоуправа речиси нема ништо инвестирано еве веќе две години мандат колку што има градоначалникот, а граѓаните не го добија она што им беше ветено и за локалните избори во 2017 година и од парламентарните избори во 2016 година.

Граѓаните се свесни дека СДСМ со владеењето управува односно со криминалиите што ги прави на ниво на Република Македонија и сите оние пример и за непотизам во рамките на кругот на Зоран Заев.

“Меѓутоа во разговорите со граѓаните кои што ги посочија сите проблеми кои што ги тежнеат и тиштат овие години додека СДСМ ќе бидат проточени во предизборната програма која што ќе ја подготви ВМРО-ДПМНЕ. Значи ние овие разговори кои што ги водиме низ целата држава практично проблемите ќе ги преточиме во решение затоа што ние како ВМРО-ДПМНЕ нудиме опција за решавање на нивните проблеми бидејќи граѓаните на Република Македонија заслужуваат подобро утре.

Ние сме гарантот дека Македонија ќе ја вратиме на правата патека, изјави Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.