понеделник, 18. ноември 2019. Вести денес: 143
home Вести

Трипуновски: ВМРО-ДПМНЕ предупредува дека цена под 12 денари за килограм сина слива е нерентабилна и не ја гарантира егзистенцијата на илјадници семејства – производители

Трипуновски: ВМРО-ДПМНЕ предупредува дека цена под 12 денари за килограм сина слива е нерентабилна и не ја гарантира егзистенцијата на илјадници семејства – производители

Додека СДСМ потпишува капитулантски договори, го менува името на државата, нејзиниот идентитет и јазик, земјоделците во државата се соочуваат со загрозена егзистенција. Оваа година имаме рекордно производство на слива во Република Македонија, но поради неодговорноста на власта ова е година кога сливите скапуваат на нивите, истакна Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Сезоната на откуп, почна со 8 денари откупна цена на сината слива, цена која е нерентабилна и по која откупна цена се откупија минимални количини, за сега да воопшто не се откупува. Половина од родот во радовишко веќе е опаднат, а како што информираат земјоделците од терен штетите се над 1.6 милиони евра. Егзистенција на производителите на слива е доведена во прашање, а власта предлага мерки кои нема да го решат проблемот со откупот на сливата, исто како што не го решија проблемот со откупот за лубеницата и доматите. Мерката која ја предлага СДСМ за субвенционирање на откупувачите со 2 денари од килограм нема да допринесе за постигнување на рентабилна цена и решавање на проблемот со откупот, истакна тој и додаде:

„Владата вели дека ќе субвенционира откупна цена која не е пониска од 5 денари за килограм. Почитувани, салонски политичари од власта, цена од 5 денари по килограм сина слива е потценување за земјоделецот и исмевање на неговиот труд. Со таа цена земјоделците не можат да ги покријат ни трошоците за производство, а камоли да заработат. ВМРО-ДПМНЕ предупредува дека цена под 12 денари за килограм сина слива е нерентабилна и не ја гарантира егзистенцијата на илјадници семејства – производители. Ја повикуваме владата во договор со откупувачите да обезбеди минимална откупна цена од 12 денари по килограм и тоа во најбрз можен рок. Над 10.000 тони слива треба да бидат откупени, а земјоделците очекуваат фер цена која ќе ја обезбеди нивната егзистенција“.

Оваа мерка, подвлече Трипуновски, можеби не е во полза на Кочо Анѓушев и неговите фирми, па истата можеби не е приоритет на владата, како мерката за ослободување од царински давачки на јонско литиумските батерии за фирмите на Анѓушев, но оваа мерка ќе ја обезбеди егзистенцијата на илјадници семејства на кои единствен приход им е продажба на сливата која ја имаат произведено.

-Овој хаос не смее да продолжи. СДСМ докажа дека не знае да работи. СДСМ мора да си замине.