петок, 18. октомври 2019. Вести денес: 107
home Вести

Трипуновски: Власта сериозно да почне да се занимава со земјоделието

Трипуновски: Власта сериозно да почне да се занимава со земјоделието

Несериозниот пристап на власта со африканска свинска чума го доведува во прашање опстанокот на свинскиот фонд во државата.

Несериозно и аматерски е да се запре со депопулацијата на свињи во свински фарми со повеќе од 2 свињи, со изговор дека ќе бидат направени сигурносни мерки за превеција. Во малите селски стопанства во кои условите за воспоставување на такви мерки се минимални, постои огромна опаснос од појава на африканска свинска чума. А доколку еднаш болеста се појави, таа ќе биде фатална за македонското свињарство на долг рок.

Апелирам до власта да се вразуми и да почне сериозно да се занимава со земјоделието, а не со аматеризам да си игра со македонските земјоделци, напиша на Фејсбук, Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.