среда, 28. јули 2021. Вести денес: 132
home Вести

Трипуновски: Власта наместо да им помогне, им се заканува и ги заплашува земјоделците кои што бараат субвенции

Трипуновски: Власта наместо да им помогне, им се заканува и ги заплашува земјоделците кои што бараат субвенции

Втор ден молк од МЗШВ и Владата на Република Македонија во врска со 65 – те милиони евра долг во Програмата за финансиска поддршка за земјоделците. Финансиска поддршка која се уште земјоделците ја чекаат. Земјоделците се уште ги чекаат субвенциите кои што им значат приход, и им значат егзистенција за семејства, реагира Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Додека земјоделците чекаат исплата на субвенции, откупот и пласманот е катастрофално лош. Земјоделецот е оставен без никакви средства за егзистенција, а власта наместо да им помогне им се заканува и ги заплашува земјоделците, кои што си ги бараат ветените и заслужени субвенции. Ситуацијата е алармантна. Заев не успеа да ги исплати ниту редовните субвенции, ниту дополнителните мерки кои што требаше да ја ублажат загубата која што ја претрпуваат земјоделците од цела Република Македонија. Нема ништо од дополнителнителната субвенција од 1 денар која што им ја ветија на лозарите од Тиквешијата, 3 – те денари на јаболкарите од ресенско се уште ги чекаат, производителите на познатата пиперка ајварка се уште си ги чекаат своите 3 – те денари по килограм продаден род, исто како и сливарите од повеќе региони во државата, оризарите од кочанскиот регион се уште ги чекаат ветените 5 денари за продаден килограм ориз, исто така и мелничарите, млеко производителите, сточарите, и сите други земјоделци се излажани од оваа власт си ги чекаат редовните и дополнителните субвенции, вели тој.

Трипуновски потенцира дека веќе три години земјоделците се соочуваат со намалени приходи и егзистенција која што е под знак прашалник.

-Откуп нема, кога го има цените се ниски, а субвенциите не се исплаќаат. Господине Заев како мислите дека земјоделците може да преживеат со своите семејства? Дали знаете дека земјоделците не го продаваат својот род, напротив го предаваат, се со цел да обезбедат минимални средства за егзистенција на своите семејства. Господине Заев ги донесовте до питачки стап земјоделците, а за тоа ќе одговарате пред граѓаните на наредните предвремени парламентарни избори. Затоа истите треба да се случат час поскоро, затоа  што е потребна обнова на Македонија, посочува тој.

Коронавирус