недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 66
home Вести

Трипуновски: Власта мора да одговори дали во Македонија веќе две недели се крие дека ја има болеста антракс?

Трипуновски: Власта мора да одговори дали во Македонија веќе две недели се крие дека ја има болеста антракс?

Додека по налог на Зоран Заев се менуваат закони за да можат партиските шерифи да градат хотели и ресторани на земјоделско земјиште, постојат сериозни сомнежи дека кај добитокот во делови од Република Македонија се појавила заразната болест антракс, зоонозна болест која многу лесно може да се пренесе од животно на човек, ова денеска преку прес-конференција го истакнува Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Власта мора да одговори дали е точно дека од угината овца е донесен примерок за испитување на ветеринарниот факултет каде е детектирана болеста антракс и веќе две недели се молчи за оваа ситуација? Дополнително власта мора да одговори зошто околу 30-ина вработени на Факултетот за ветеринарна медицина ја посетиле инфективната клиника во Скопје и се моментално под терапија. Дали истите се заразиле од опасната болест и дали е спречено нејзиното ширење, доколку ја има?, прашува Трипуновски.

Тој додава дека директорот на агенцијата за храна и ветеринарство и министерот Димковски мора да одговорат дали се преземени сите законски мерки за спречување на ширењето на оваа заразна болест и дали жителите од заразеното подрачје се посетени од страна на стручни лица од центарот за јавно здравство за да се заштитат луѓето, или се чека болеста да земе замав и да има последици по животите на граѓаните.

-За овој крајно несериозен пристап на директорот на агенцијата за храна и ветеринарство  и министерот за земјоделство Димковски мора да има одговорност затоа што сериозно е загрозено здравјето на граѓаните во Република Македонија. Воедно апелираме Агенцијата за храна и ветеринарство да ги преземе сите потребни протоколи се со цел ставање под контрола на оваа сериозна заразна болест која преставува сериозна закана пред се за граѓаните на Република Македонија, но и за останатиот сточен фонд во Република Македонија, вели Трипуновски.

Коронавирус