понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Трипуновски: Владата трет пат по ред ги лаже тутунарите и нема решение, а штетите кои ќе бидат причинети се околу 30 милиони евра

Трипуновски: Владата трет пат по ред ги лаже тутунарите и нема решение, а штетите кои ќе бидат причинети се околу 30 милиони евра

Владата трет пат по ред ги лаже тутунарите. Толку многу ги измешаа лончињата со откупот на тутунот, што сега не можат да најдат појдовна точка за решение, реагира Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Околу 25 милиони килограми тутун се цени за две класи пониско и дополнително имаме окулу 3 000 тони тутун за кои тутунарите немаат договори, ова е катастрофално и владата за ова се уште нема решение. Штетите кои од ова ќе бидат причинети се околу 30 милиони евра.

30 милиони евра од џебот на тутунарите во џебот на Заев.

И додека тутунарите одат по прилепските улици барајќи откуп и нормална цена, некој си носи буџет и се расфрла со милиони кои народот ги заработил, за да може тој да глуми шеф на влада.

Никаде ги нема Заев, Николовски и Димковски да излезат и да им помогнат на тутунарите, седат на топло во влада и држат празни пресконференции, како сме имале инвестиции, како се помагало, колку бил животот подобар. Излезете бе меѓу луѓето да видите колку е подобар, да беше подобар немаше да имаме илјадници тутунарите сред зиме по прилепски улици. Срам да ви е!

Не е решение празна демагогија, една година кажуваме дека мора да се седне со откупувачите и да се среди проблемот кој се наѕираше уште од пролета. Но вие ништо не направивте. Затоа пак ќе речам, седнувајте и наоѓајте решение, да не се случи тутунарите без пари да ја поминат зимата, ограбени и разочарани, пишува во својата објава на Фејсбук Трипуновски.

Коронавирус