недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 16
home Вести

Трипуновски: Владата на земјоделците им крати 230 милиони денари, наменети за АФПЗР и 310 милиони денари од водостопанство

Трипуновски: Владата на земјоделците им крати 230 милиони денари, наменети за АФПЗР и 310 милиони денари од водостопанство

СДСМ ги изневери и излажа земјоделците во Република Македонија.  Откако дојдоа на власт функционерите на СДСМ, завртија грб и заборавија на сите предизборни ветувања на земјоделците. Со ребалансот, Владата на СДСМ на земјоделците им крати 230 милиони денари, наменети за АФПЗР. Дополнително на тоа кратење власта крати и 310 милиони денари од водостопанството исто така пари наменети за земјоделците во Република Македонија, реагира Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Зоран Заев и СДСМ на земјоделците им ветуваа помош, сигурен пласман, поголеми откупни цени и нови пазари, но не само што не ги исполнија овие ветувања, туку ја намалија финансиската поддршка за земјоделците. Животот кој го ветуваа се претвори во елементарна непогода за македонските земјоделци. Нема сигурен пласман, нема повисоки откупни цени, нема нови пазари, а нема ни повеќе пари за земјоделието во Република Македонија. Заради немањето пласман и поради мизерните откупни цени земјоделците оваа година наместо своите производи да ги продаваат на пазарите истите завршуваа на улица, со што го изразија својот револт кон криминалната власт на СДСМ. Владата зафатена со продавање на државните интереси, се направи глува на проблемите на земјоделците и воопшто не се потруди да им излезе во пресрет и наместо да им помогне повторно им крати од средствата.  Владата на СДСМ се уште нема предвидено пари ниту за зелената нафта која толку многу ја ветуваше и која требаше значително да им ги намали трошоците на земјоделците, вели тој.

Трипуновски посочува дека не се исплатени поголем дел од субвенциите, а не се предвидени ниту средства за обештетување од природните непогоди кои што се случија во изминатиот период.

-Во ребалансот нема пари ниту за земјоделскиот интервентен фонд кој требаше да го има уште во првите 6 месеци од преземањето на власта, а нема пари ниту за поддршката за младите фармери, со што требаше да ги мотивираат младите да започнат свој агробизнис и да се влијае на зголемување на вработеноста во Република Македонија. Земјоделците во Македонија изминатиов период се оставени сами на себе и едвај врзуваат крај со крај. Тие се соочуваат со проблеми како никогаш досега и ја преживуваат нивната најтешката година во постоењето. СДСМ покажа дека не се грижи за земјоделците и дека нема способност  ниту капацитет да ги решава нивните проблеми. Со СДСМ македонското земјоделие само тоне и уназадува. ВМРО-ДПМНЕ знае како да им помогне на македонските земјоделци и во новата програма има мерки со кои значителни ќе се подобрат состојбите во македонското земјоделие. Затоа Зоран Заев и СДСМ мора да си заминат, за да може да се врати достоинството на македонскиот земјоделец, рече тој.

Коронавирус