сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Трипуновски: Веднаш да им се исплатат обесштетувањата за поплавите на земјоделците од скопско

Трипуновски: Веднаш да им се исплатат обесштетувањата за поплавите на земјоделците од скопско

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, Цветан Трипуновски денеска на својот Фејсбук профил објави дека се сретнал со земјоделци од Арачиново, Стајковци, Брњарци и други села од Скопско.

Тие, како што наведува Трипуновски, се пожалиле дека се уште не ги добиле обесштетувањата од невремето во 2016 и 2018 година.

-Тие во форма на Иницијативен одбор дојдоа да го искажат својот револт од власта, која 3 години ги лаже и не им ги исплаќа обештетувањата од невремето од 2016 и 2018 година, како и субвенциите за изминативе години. Трајан Димковски и Зоран Заев три години не им ги исплаќаат обештетувањата за штетите кои ги претрпеле од невремето, иако истите имаат уредна документација. Земјоделците од Арачиново, Стајковци и Брњарци како што ме информираа се лажени од Трајан Димковски во неколку наврати, како и од други претставници од власта, кои ветувале исплата, ама не ја реализирале, пишува дополнителниот заменик-министер.

Тој ја повикува власта веднаш да ги исплати обесштетувањата.

-Ги повикувам премиерот Оливер Спасовски и министерот Трајан Димковски веднаш да пристапат кон исплаќање на обесштетувањата на земјоделците и субвенциите кои им ги должат. Доколку СДСМ не го стори тоа, ВМРО-ДПМНЕ веднаш по формирањето на владата по 12 април ќе ги исплати сите заостанати обврски кои Зоран Заев со години не ги исплаќал, стои во објавата на фејсбук профилот на Цветан Трипуновски. (МИА)

Коронавирус