среда, 4. август 2021. Вести денес: 92
home Вести

Трипуновски: Вака изгледа човек кој сфатил дека дошло крај на криминалот кој го правел 3 години.

Трипуновски: Вака изгледа човек кој сфатил дека дошло крај на криминалот кој го правел 3 години.

Цветан Трипуновски, дополнителен заменик министер во МЗШВ на фејсбук напиша :

-Очигледно вака изгледа човек кој сфатил дека дошло крај на криминалот кој го правел 3 години.
Љупчо, кога ќе посакаш да живееш во средена држава, потсети се дека во твое време како министер Кире Неделковски украде над 300 илјади евра од тутунарите и остана неказнет до ден денеска.

Заради криминалот на твојот пајташ, многу дечиња, како што викаш ти, останале без леб.
Кога ќе сакаш ред и поредок, потсети се како делевте субвенции по партиски клуч.

Кога ќе сакаш младите да не се иселуваат потсети се дека рекетиравте бизниси по примерот на шефот твој, Заев од Струмица.

Ех, Љупчо, знаеш ти се што направивте, а знае и народот. Наскоро доаѓа казната. На 15 јули народот ќе ви пресуди, а потоа и институциите, во фер постапки за сите незаконитости.

Коронавирус