петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 58
home Вести

Трипуновски: Три години сум меѓу земјоделците и ги гледам нивните маки, додека власта ги плаши и им се заканува

Трипуновски: Три години сум меѓу земјоделците и ги гледам нивните маки, додека власта ги плаши и им се заканува

Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук профил сподели статус во кои пишува дека три години е меѓу земјоделците и ги гледал нивните маки, додека власта ги плаши и им се заканува.

-Зоране, Љупчо и Трајане денеска цел ден сум помеѓу земјоделците и ненајдов време за вас. Но еве сега да ви се обратам. Дали гласот на снимката што е емитувана на еден медиум е мој? – Да, мој е!
Дали сум помагал на земјоделците? – Да, сум помагал!
И едно да знаете, јас сум човек од земјоделска фамилија, сум израснал со земјоделие, моите родители ме одгледале благодарение на земјоделието. Точно знам како е под жешкото сонце на нива. Три години сум помеѓу земјоделците ги гледам нивните маки, ја чувствувам нивната болка, знам низ што поминуваат, токму затоа сум бил и ќе бидам дел од нив и ќе бидам нивна помош. Три години ги лажете и манипулирате. Ги плашите, им се закнувате. Затоа сум во првите редови, мавајте, не ви се плашиме. Од тука од Ресен ви порачувам – Готови сте! Паѓате! Доаѓа нова зора, доаѓа време за обнова на Македонија, доаѓа подобро време за земјоделецот!, стои во неговиот пост на Фејсбук.