четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 69
home Вести

Трипуновски: Треба да се сноси одговорност за невршење на контрола на храната која што ја конзумираат граѓаните

Трипуновски: Треба да се сноси одговорност за невршење на контрола на храната која што ја конзумираат граѓаните

Од договорите склучени помеѓу Агенцијата за храна и ветеринарство со Факултетот за ветеринарна, дојдовме до заклучок дека минатата 2019 година имало еден вакум простор односно повеќе од 5 месеци каде што Агенцијата немала договор со Факултетот за ветеринарна медицина, а тоа значи дека во тој период не се вршела никаква контрола на храната во Република Македонија. Јас тоа го обелоденив на прес конференција и побарав одговор и објаснување од страна на министерот, од страна на директорот бидејќи безбедноста на граѓаните и храната која што ја конзумираат треба да биде контролирана, а не во таков период да не знаеме што влегло во државата и што се конзумирало, вели дополнителниот заменик министер во МЗШВ Цветан Трипуновски во вечерашното гостување во емисијата Што не е јасно на ТВ Алфа.

Трипуновски посочи дека за ваквата состојба и несериозност од страна на надлежните мора да се понесе одговорност.

-Замислете повеќе од 200 дена во државата не правел контрола на храната, тоа е крајно сериозно и треба некој да се замисли и да си понесе одговорност, кажа тој.

Во однос на субвенциите на земјоделците, Трипуновски истакна дека се врши селективна исплата, посочувајќи дека со измените програмата за финансиска поддршка за тековната 2020 година нема да ги добијат субвенциите.

-На крајот на минатата година кога се носат програмите за финансиска поддршка за тековната 2020 година, министерот и неговите соработници предвиделе дека во 2020 година се наследуваат само 20 милиони евра само заостанати обврска од претходни години иако претходно велеа дека исплаќале заостанати обврски од време на ВМРО-ДПМНЕ, за 15 дена после тоа некаде околу 17 јануари 2020 година прават измена на програмата за субвенционирање и практично сите средства за тековната 2020 година ги повлекуваат во ставка заостанати обврски од претходни години. Што значи дека уфрлаат дополнителни 40 милиони евра за заостанати обврски од претходни години, Ова практично значи дека програмата за 2020 година е сведена на нула. На пример, растителното производство со програмата за 2020 во ставка има само 1000 денари, во делот на сточарското производство исто така од програмата, исто така има само 1000 денари преостанати средства, а тоа значи дека министерството, платежната агенција овие 60 милиони евра кои што се заостанати средства од претходни години сега безмалку популистички ќе ги исплаќа на земјоделците, а многу од земјоделците кои што треба да ги добијат тековните субвенции за жал нема да ги добијат, објасни тој.

Коронавирус