четврток, 27. февруари 2020. Вести денес: 33
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Трипуновски: Субвенции не се исплаќаат редовно, земјоделците со големи проблеми

Трипуновски: Субвенции не се исплаќаат редовно, земјоделците со големи проблеми

Земјоделците ширум државата секојдневно го демантираат Трајан Димковски. Субвенциите не се исплаќаат редовно. Трајане ова на секаде го кажуваат земјоделците. Три години само лажете. Денеска бев во посета на фарма во Будинарци, Берово, и во разговор со сопственикот дознав со какви проблеми се соочува тој, секојдневно, а власта не му помагала.

Најголем проблем му се неисплатените субвенции, но дополнителен проблем кој му ја отежнува работа е немањето електрична енергија до фармата, проблем кој неколку години се обидува го реши, но наидува на игнорантски однос кај надлежните институции.

Фармерите не треба да се соочуваат со вакви проблеми во 21-от век. Државата мора да им излегува во пресрет на фармерите, а не да ги остава сами да се борат. Власта во изминативе три години наместо работење на подобрување на условите и овозможување на фармерите да го прошират бизнисот, со ваквата (не)работа само придонесоа до незадоволство и затварање на многу фарми. Сето ова ќе се промени од 12 април! Напиша на Фејсбук, дополнителниот заменик министер во МЗШВ, Цветан Трипуновски.ж