сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 98
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Трипуновски: Сточарите се соочуваат со катастрофа

Трипуновски: Сточарите се соочуваат со катастрофа

Ситуацијата со Корона вирусот за жал остава огромни последици во македонското земјоделство. Сточарите во моментов се соочуваат со огромна катастрофа.

Во средина на сезона на откуп на јагне, не е откупено ниту 20%. Нема откуп, а и оној што се изврши, се врши по многу ниска цена.

Сезоната на откуп на јагне трае уште една недела, а како што сега стојат работите повеќе од половина од јагнето ќе остане неоткупени. Сточарите ќе се соочат со големи проблеми и загуби. Доколку не им помогнеме на сточарите сега, се повеќе сточари ќе ја напуштаат дејноста, и како држава ќе се соочиме со целосно замирање на дејноста.

Од тие причини имајќи ги во предвид страшните последици кои може да настанат, ги предлагам следните мерки кои што треба да се преземат:

1️⃣ Итна и целосна исплата на минатогодишната мерки за заклано јагне во кланичен капацитет од 400 денари и задржано женско јагне од 700 денари;

2️⃣ Зголемување на финансиските средства за задржано женско јагне за 2020 година, од досегашните 700 денари, на 2000 денари. Со вакво зголемување на средствата на оваа под мерка заедно со основната мерка по грло, овчарите ќе земат субвенција од 3100 денари. Со што делумно ќе се санираат штетите од кризата, но и ќе се зголеми фондот на овци во државата.

Потребно е итно делување, напиша на Фејсбук техничкиот заменик министер во МЗШВ, Цветан Трипуновски.

Коронавирус