вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 124
home Вести

Трипуновски: Сточарите од Теово се жалат за неисплатените субвенции за оставеното женско јагне, и за ниската откупна цена на истото

Трипуновски: Сточарите од Теово се жалат за неисплатените субвенции за оставеното женско јагне, и за ниската откупна цена на истото

На крајот од денот се сретнав со сточарите од Теово, општина Чашка, објави на својата Фејсбук страница дополнителниот заменик министер за земјоделие Цветан Трипуновски.

Сточарите се пожалија за неисплатените субвенции за оставено женско јагне, за ниската откупна цена на јагнето како и за селската сеча. Премногу ветувања во предизборието 2016, а ништо не е реализирано, едноставно СДСМ ги преспа изминативе години на власт.

Време е да ставиме крај на лошите политики, после промената на власта на 15 јули конечно работите ќе тргнат кон подобро, бидејќи и во минатото се покажало дека ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ и се грижи за македонските земјоделци!, пишува во својата објава Трипуновски.

ЕУРО 2020

Македонија