вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 37
home Вести

Трипуновски со порака до власта: Од канцеларија не се води министерство за земјоделство, туку од терен

Трипуновски со порака до власта: Од канцеларија не се води министерство за земјоделство, туку од терен

Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денес гостуваше во утринска програма на АлфаТВ каде што посочи дека самото министерство треба да е креаторот на политиките, да е агрегаторот на сета она земјоделска политика која што треба да се води.

-Сите меѓународни експерти доаѓаат и оставаат нешто на хартија која што значи препораки и што треба да се направи во некое производство. Но меѓутоа тука застанува приказната. Во ланецот на модерното земјоделско производство во Република Македонија нешто не функционира. Ние без модернизирано земјоделско производство, без модерна механизација не може да имаме рентабилно производство. Тие фондови кои што се даваат ние не ги искористуваме. Пак ќе кажам акцентот е на министерството. Министерството е креаторот и тој кој што треба да ја олесни бирократијата за да тие фондови односно таа процедура биде поедноставна, истакна Трипуновски.

Трипуновски додаде дека државата треба да застане и да помогне да земјоделците во нивна модернизација, модернизација на механизацијата.

-Услови за модернизација треба министерството да ги создаде. Мора државата кога има пари за други луксузи да дава, мора да се даде и за земјоделците. Бидејќи тие се еден од економските столбови во државата. Реални проблеми има, но за да се слушнат треба да се излезе на терен, треба да се поразговара со земјоделците бидејќи правата слика ќе се воочи директно од теренот, од канцеларија не се води министерство за земјоделие, заклучи Трипуновски.

Трипуновски појасни дека денес во Македонија има повеќе полиња со марихуана, отколку полиња со жито. Тоа се погрешните политики на оваа неспособна влада и нивниот погрешен фокус.

-Поради тоа земјоделците ги напуштаат полињата и не обработуваат земја. Владата има приоритети во друг сегмент, а нема кон земјоделците. И затоа луѓето си бараат егзистенција на друг начин. Меѓутоа она што јас сакам да го потенцирам е дека ВМРО-ДПМНЕ поучено од сите пропусти кои што можеби ги имаше во минатите години работи на сериозен нов концепт во земјоделскиот сектор. Тоа ќе значи враќање на земјоделецот на пиедесталот бидејќи тие се еден од носечките столбови на економијата во Македонија, потенцира Трипуновски.

Коронавирус