вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 173
home Вести

Трипуновски со нови докази за случајот со Екрем Јаји

Трипуновски со нови докази за случајот со Екрем Јаји

Трајане, ти навистина или имаш класично непознавање од материјата или свесно го лажеш земјоделецот Екрем Јаји три години. Реалноста е дека го влечете господинот Јаји со години и не му ја исплаќате оштетата која со закон го следува.

Фактичката состојба е следна. МЗШВ не му исплатила оштета за штетите кои настанале од поплавата врз неговиот насад во скопско Брњарци. Три години човекот чека исплата, на тоа што со закон го следува и за ова одговорност ќе има. Човекот е со неколку операции и од земјоделие живее, а ѓавазите на власта платени со народни пари го лажат и манипулираат.

Но да тргнеме со ред. Земјоделецот Екрем Јаји има три парцели. Од кои две се во негова сопственост. КП 39/1 и 39/2 во КО Брњарци, за кои истиот бара обештетување. И уште една парцела која граничи со претходните две, а која е узурпирана од Јаји. Инспекторот Марјан Атанасов, кој е во мојот кабинет, по барање од Љупчо Николовски како МЗШВ, доставено до Земјоделскиот инспекторат извршил увид и го констатирал наведеното погоре, а претходно утврдено од теренска и административна проверка. И тука завршува улогата на Атанасов.

Но тука почнуваат неправилностите на Љупчо Николовски и СДСМ. Три години го влечат предметот.

Узурпација е утврдена и за тоа е поведена прекршочна постапка. Но тоа не му го одзема правото на Екрем Јаји за обештетување од поплавите за земјиштето кое е под негов посед.

Обештетувањето мора да се реализира. Екрем Јаји има право на обештетување и јас ќе направам се што е во моја моќ истиот да го реализира ова свое право.

Одговорност за овој и ред други случаи ќе има. Заради ова ќе загубите. Се ближи 12 април, напиша на Фејсбук дополнителниот заменик министер во министрството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Локални избори 2021