петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 154
home Вести

Трипуновски: Со години Преспанското езеро исчезнува, а власта не се грижи да го спаси

Трипуновски: Со години Преспанското езеро исчезнува, а власта не се грижи да го спаси

Денес сум во посета на Ресен, имав средба пред малку заврши со овоштарите од овој регион, на која што разговаравме и ги нотиравме сите актуелни состојби во овој сегмент. Она што сакам да го истакнам и да ја запознам македонската јавност, дека иако Владата на СДСМ и Зоран Заев во предизборието 2016-та и на локалните 2017-та година се редеа сите, од Зоран Заев до Шекеринска и ветуваа дека откупувачи ќе се тепаат за квалитетното македонското јаболко дека ќе ги кренат откупните цени, денес за жал ситуацијата е повеќе од очајна, затоа што индустриското јаболко се откупува за мизерни 2 денари, а за конзумното никој не ни спомнува, иако цената и таму е многу ниска, рентабилност нема никаква, изјави денеска Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.

Истакна дека се уште не е реализирано ветеното од Заев обештетување кон земјоделците од овој регион.

-Да не зборуваме за неисплатените субвенции кои што земјоделците со нетрпение ги очекуваат за да ги покријат сите како лошите економски состојби, односно лошата рентабилност со производството на јаболка. Затоа не е само овоштарството, не е само земјоделието во Република Македонија клекнато на колена. Позади нас се наоѓаме и во Стење, позади нас е Преспанското езеро, каде што од година во година е во целосно исчезнување, речиси две години никој од актуелната власт никој од ресорните министерства, не презема никаква активност за да се зачува ова природно богатство, езерото е во изумирање а власта единствено што се грижи е за луксузот кој што го ужива на државен трошок. Затоа сакам да истакнам и да упатам една порака, време е да се одбере промена во Република Македонија, време е да се одберат проекти кои што ќе значат просперитет и на Ресен и на Република Македонија, просперитет и на земјоделците во Република Македонија, да избереме просперитет наместо стагнација како што беа изминативе четири години со владеењето на СДСМ и на локално ниво во Ресен и на централно ниво низ цела Република Македонија, нагласи Трипуновски.

Коронавирус