понеделник, 3. август 2020. Вести денес: 55
home Вести

Трипуновски: Се обврзуваме да во првите 100 дена направиме корекција на закон за тутун се со цел да го заштитиме домашното производство

Трипуновски: Се обврзуваме да во првите 100 дена направиме корекција на закон за тутун се со цел да го заштитиме домашното производство

Денеска сум во посета на општина Кривогаштани и од тука заминувам во посета на општина Долнени. Денеска разговарав со пазарџиите на овој пазарен ден во Кривогаштани разговаравме на сите актуелни теми меѓутоа морам да констатирам дека секаде сликата е идентична со останатите делови на Р. Македонија односно земјоделците потенцираат на погубните политики на СДСМ изминативе три години, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна дополнителниот министер за земјоделство Цветан Трипуновски.

-Само за потсетување дополнителната субвенција од три денари за предадена куртоа капија во преработувачки капацитет се уште не е исплатена еве доаѓа на прагот сме на новата берба а ланската субвенција која што земјоделците си ја очекуваат не е добиена. Разговарав и со неколку сточари кои се пожалија дека субвенцијата за литар предадено млеко се уште ја чекаат од 2019 односно од 2019 – 2020 и најголемото и горливо прашање кое што најповеќе време потрошивме во разговорите во делот на откупот на тутунот. Знаете дека минатата година беше проблематична законот за тутун кој што го измени СДСМ направи проблеми во откупот и сега тутунарите се дополнително загрижени за нареднава реколта дали ќе се соочиме со истите проблеми. Она што јас во разговорот се обврзав како дел од идната влада предводена од професор доктор Христијан Мицкоски дека се обврзуваме да во првите 100 дена направиме корекција на закон за тутун се со цел да го заштитиме домашното производство и нормално сите овие заостанати обврски кои што не се исплатени а требаше да ги исплати владата на СДСМ во наредниот период ќе бидат приоритет за да стигнат до крајниот корисник односно секој земјоделец. Исто така во нашата програма се обврзуваме и ветуваме на сите земјоделци дека субвенциите кои што ги воведовме односно ќе продолжиме да исплаќаме 160 милиони евра на годишно ниво кои што ќе се исплаќаат навремено до секоја целна група се со цел да се компензираат одредени губитоци и трошоци кои што ги имаат во производството. Исто така ветуваме и се обврзуваме дека ќе инвестираме околу 80 милиони евра во делот на водостопанството односно 20 милиони евра на годишно ниво се со цел да стопираме одредени негативни тенденции во земјоделското производство затоа што знаете без систем за наводнување без вода по полињата не може да зборуваме за рентабилно производство, додава Трипуновски.

Тој додава дека едноставно да сумирам она што го ветуваме дека сите оние програми односно проекти во програмата се реални кои ќе ги спроведеме на терен се со цел да нашата најсилна гранка во економијата тоа е земјоделството да биде подржано да можеме да се развиваме да имаме силни села да имаме стабилни земјоделци едноставно во нас ќе гледаат партнери. Ние секогаш сме биле помеѓу народот така ќе биде и во иднина тоа што нашата комуникација со земјоделците со сите граѓани едноставно ги црпиме сите оние недоречености и проблеми кои што ги има на терен.Така да оваа прилика која што денес ја имав да поразговарам ќе се видиме и во иднина со земјоделците да можеме сите овие работи кои што ги ветивме да ги реализираме.

-Имаше и некои прашања кои што ми ги упатија присутниве на пазаров за делот на откупот на пченицата. ОД она што јас го знам дека се уште нема дефинирано цена и ја користам оваа можност да го повикам министерот во заминување Трајан Димовски и владата на СДСМ да си го одработат парчето леб до последниот ден од нивното заминување да седнат да ја дефинираат цената на пченицата затоа што недозволиво е да земјоделците ја предаваат пченицата без да знаат по која цена ќе биде платена. Тоа нас ни е стратешка култура тука треба да има сериозен фокус. Меѓутоа она што изминативе три години бевме сведоци е тотална незаинтересираност во делот на аграрната политика и гледаме дека се одразува и оваа година со откупот на пченицата. Ние ветуваме дека по промената на власта и во овој сегмент ќе интервенираме сериозно за да имаме рентабилна цена на пченицата како наша стратешка култура, рече Трипуновски.

Денеска сум во посета на општина Кривогаштани и од тука заминувам во посета на општина Долнени.

На овој пазарен ден во…

Posted by Цветан Трипуновски on Wednesday, July 8, 2020

Коронавирус