понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Трипуновски: Реалната слика е дека СДСМ го уништи оризопроизводството

Трипуновски: Реалната слика е дека СДСМ го уништи оризопроизводството

Дополнителниот Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска оствари средба со оризопроизводителите од Општина Чешиново-Облешево. Во продолжение Ви го пренесуваме неговиот Фејсбук статус по средбата:

Денеска остварив средба со оризопроизводителите од Чешиново-Облешево.

Реалната слика, од она што можев да го слушнам, е дека СДСМ го уништи оризопроизводството. Четирите главни проблеми со кои се соочуваат оризопроизводителите се:

1. Цената на оризот која не ги покрива ни основни потреби на земјодлеците;
2. Неисплатени и селективните субвенции од претходните години;
3. Неисплатената дополнителна субвенција од 5 денари интервентна мерка од 2019 година;
4. Задоцнето наводнување на посевите што доведе до намалено производство на ориз.

Ветувам дека после победата на 12 април овие проблеми ќе бидат решени и ќе го вратиме достоинството на македонскиот земјоделец!

Коронавирус