сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 98
home Вести

Трипуновски: Поради игнорантскиот однос на власта, денес цената ја плаќаат лозарите

Трипуновски: Поради игнорантскиот однос на власта, денес цената ја плаќаат лозарите

Утрово Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ гостуваше во утринска емисија на Алфа телевизија при што посочи дека оваа година за жал за килограм продадено грозје може да се купи само едно лижавче, тоа е реалната слика во Македонија, а виновник за ова што се случува е Владата.

„Трагична и жална е ситуацијата што се случува во Македонија. Денес лозарите ги преживуваат можеби најтешките денови во историјата на државата, во делот на продажбата односно продавањето на винското грозје за реколта 2020-та година“, појасни Трипуновски.

Трипуновски додаде дека граѓаните се сведоци како кантарните белешки односно откупните белешки говорат за цени од 1,5 до 2 денари. А, споредбата лижавче за килограм грозје за жал е реалната слика во Македонија.

„Според мене ова се случува затоа што државата, власта, министерството за земјоделство едноставно некако како да се на колективен годишен одмор. Ги оставија лозарите сами да се снаоѓаат во целата ситуација. Затоа што знаете, министерството е тој што е креатор на политики и требаше многу порано да започне со подготовки на оваа сезона, да не дојдеме во ваква ситуација“, истакна Трипуновски.

Трипуновски посочи дека во месец март се има обратено писмено на тогашниот министер Трајан Димковски, до директорот на Државниот земјоделски инспекторат, дури и до Секторот за вино кој што е најотповикан во министерството да се почне со подготовки на нареднава реколта која што е во тек.

„Во тоа време дури и побарав да се видат колкави се залихите на винарските визби кои ги имаат со вино. Зошто? Затоа што во тој момент ценев да видиме ако има преголеми залихи можеби требаше во тој момент државата да помогне да се пласира тоа вино, за да можат винарските визби да ја дочекаат реколтата празни, односно да можеа да го приберат родот“, нагласи Трипуновски.

Трипуновски додаде дека за жал не доби одговор од надлежните, ниту седнаа на маса за да се разгледаат можностите за приберување на родот.

„Во отсуство на таков однос, игноратски однос од страна на надлежните доведе до оваа ситуација која што е реалност во Македонија“, рече Трипуновски.

Коронавирус