сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 91
home Вести

Трипуновски: Поради говорењето на вистината дека земјоделството е пред колапс, јас добив отказ од Николоски

Трипуновски: Поради говорењето на вистината дека земјоделството е пред колапс, јас добив отказ од Николоски

Во утринската програма на Алфа ТВ гостуваше Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ кој што посочи дека кога бил вработен во министерството за земјоделие, надвор од работно време и работно место држел прес конференции, каде што барал од актуелната влада, од министерот повеќе права за земјоделците, и нивниот труд да биде вреднуван. Но, ова било од страна на Љупчо Николоски лошо разбрано и поради тоа повеле против него дисциплинска постапка и на крај отказ.

-Тоа беше од страна на тогашниот министер Љупчо Николоски оквалификувано како јас го нарушувам угледот на министерството и да се поведе дисциплинска постапка и како резултат на сето тоа добив отказ од министерството бидејќи сум го нарушил угледот на министерството. Тоа во сите правни регулативи и норми е апсурно. Значи таков случај нема никаде, и поради тоа тој случај го водам по судски пат. Така што така ќе ја докажам мојата невиност, бидејќи навистина сум имал искрена и чесна намера во интерес на земјоделците, ниту било некоја друга политичка намера, ниту нешто друго, појасни Трипуновски.

Трипуновски додаде дека изминатава година, речиси цела година немаше земјоделска гранка, немаше земјоделец кој што негодуваше на актуелните политики.

-Ова со протестот што актуелната власт сакаше да наметне политичка позадина на целата работа е само резултат дека навистина земјоделството во Македонија е во колапс. Дека нема показател кој што не е реален односно не покажува дека земјоделството според статистички податоци не е на прав пат како што сами сакаат да кажат, истакна Трипуновски.

Коронавирус