четврток, 21. ноември 2019. Вести денес: 53
home Вести

Трипуновски: Почитувани љубители на фотељи од телешка кожа, можам да константирам дека не сте способни ни да ги продолжите нашите проекти

Трипуновски: Почитувани љубители на фотељи од телешка кожа, можам да константирам дека не сте способни ни да ги продолжите нашите проекти

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Цветан Трипуновски со реакција на својот Фејсбук профил откако не доби одговор од владејачката СДСМ на своите прашања упатени до нив.

Во прилог е одговорот на СДСМ на денешната моја изјава но никаде не даваат одговор на прашањата кој денес им ги упатив, а тоа е зошто поминува деветтиот месец одкако е завршен повикот нема одговор за избор/неизбор на апликантите од повикот во Октомври/2018 година.
Почитувана Македонска јавност СДСМ во одговорот се фали дека со повикот во 2017 година имало голем број одобрени апликации но заборави да каже дека тој повик е по критериумите кој ги наследи од владата на ВМРО ДПМНЕ ,а јас ги прашав што е со апликациите од лани со критериумите кој ги измени СДСМ,дали можеби тука лежи проблемот ???
И за крај почитувани љубители на фотељи од телешка кожа можам да константирам дека не сте способни ни да ги продолжите проектите нашите проекти како што е и мерката млад земјоделец кој ја воспоставивме уште во 2011 година ?
#ВРЕМЕЕЗАОСТАВКИ!!!, напиша Трипуновски.