среда, 2. декември 2020. Вести денес: 45
home Вести

Трипуновски: По денешниот притисок до Владата, ќе биде исплатена дополнителна субвенција за зелката предадена во откупните пунктови

Трипуновски: По денешниот притисок до Владата, ќе биде исплатена дополнителна субвенција за зелката предадена во откупните пунктови

Почитувани земјоделци, денес победивме, порача заменик министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски.

Неговиот Фејсбук статус го пренесуваме во продолжение:

По денешната моја изјава со која побарав од владата да даде дополнителни 5 денари субвенција за предадена зелка во откупните пунктови, како мерка за помош на земјоделците во ек на пандемија СДСМ попушти и прифати.

Притисокот кој Вие и јас го направивме вроди со плод. Илјадници земјоделци ќе земат субвенција за предадената зелка, која ка продаваа по ниски цени, затоа што власта не обезбеди откуп.

Притисокот за да си го добиете своето наскоро ќе биде минато. По промената на власта што ќе следи, земјоделците ќе бидат на прво место.

Вие продолжете да работите. Јас сум тука да се борам за Вас.

Коронавирус