петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 24
home Вести

Трипуновски: Овие слики се тажната нормалност која ја живее македонскиот земјоделец со СДСМ на чело на државата

Трипуновски: Овие слики се тажната нормалност која ја живее македонскиот земјоделец со СДСМ на чело на државата

Денеска сум во Ново Село, овде невремето од вчера во атарот на Мокрино и Мокриево нанесе несогледливи последици врз земјоделските култури. Градот овде, како и во Овчеполско го уништи родот.

Овие слики се тажната нормалност која ја живее македонскиот земјоделец со СДСМ на чело на државата. Иако платија над 1 милион евра народни пари за некаков си систем за заштита од град ништо не направија. Потенцирав дека парите се фрлаат попусто, но власта реши да троши на тендери наместо да го субвенционира осигурувањето на земјоделските посеви, како што тоа го прави целиот нормален свет.

Сега штетите се огромни. Како врз буџетот, така и врз земјоделците.

Време е да ставиме крај на оваа лоша пракса. Ќе го вратиме достоинството на земјоделецот. Лошите времиња набргу ќе бидат зад нас.

Фејсбук статус на дополнителниот заменик министер во МЗШВ, Цветан Трипуновски.

Локални избори 2021