среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

Трипуновски: Оваа влада нема што ново да им понуди на земјоделците, СДСМ треба да си замине

Трипуновски: Оваа влада нема што ново да им понуди на земјоделците, СДСМ треба да си замине

По неколкуте протести на земјоделците низ државата на Фејсбук се огласи членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Цветан Трипуновски кој напиша:

Поминаа три години, власта ништо не направи до сега за земјоделието. Наместо резултати, СДСМ вели прави анализи.

На земјоделците им е преку глава од анализи. Земјоделците очекуваат конкретни мерки, кои доцнат веќе три години.

Наместо подобрување на условите во земјоделието ние имаме уназадување.

Заев, Николовски и Димковски ветуваа дека откупувачите ќе се тепаат кој повеќе да плати, а сега не само што не се тепаат да платат, туку откупувачи воопшто нема, а родот завршува на буниште.

Лозарите и сите други земјоделци се разочарани од ова влада бидејќи се донесени до питачки стап.

Оваа влада нема што ново да им понуди на земјоделците. СДСМ треба да си замине.
#ОСТАВКА

Локални избори 2021