сабота, 20. јули 2019. Вести денес: 0
home Вести

Трипуновски открива скандал: Директор на СДСМ со закани и навреди до земјоделците (ВИДЕО)

Трипуновски открива скандал: Директор на СДСМ со закани и навреди до земјоделците (ВИДЕО)

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Цветан Трипуновски, открива скандал со кој се соочил при денешната теренска посета на Чешиново Облешево.

Неговиот статус го пренесуваме во продолжение:

Со видеото (за жал без тон) во прилог сакам да ја информирам и запознаам јавноста со какви кадри располага и владее СДСМ.

Имено при денешната посета на Чешиново-Облешево на која заедно со земјоделците разговаравме околу сериозниот проблем со наводнувањето на оризовите полиња, ни се “придружи” и Директорот на Водостопанство брегалница Дени Митров, дојден со намера да направи конфликт, и на дрзок и безобразен начин почна да ги напаѓа присутните земјоделци со зборовите :

– Не ви доаѓа памет! Малку ви е ова! Ги нарече манипулатори и лажговци…

Почитувано локално функционерче од СДСМ, ти земаш плата од тие земјоделци и твоја елементарна обврска е да обезбедиш услови за наводнување на полињата. Недозволиво е за носител на јавна функција да се однесива арогантно и со закани, и за оваа постапка треба да се понесе одговорност ако барем малку е реална најавуваната метла на Зоран Заев ваквите ликови да ги измете!!!