среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ со неколку прашања до министерот Николовски

Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ со неколку прашања до министерот Николовски

Сакам јавно накратко да ја прокоментирам денешната парада на Министерот Николовски и воедно јавно да го прашам:
1.Нели Ви паѓа незгодно почитуван Министер пред Македонските земјоделци да излезете и да им соопштите дека после повеќе од 700 дена поминати на удобното Министерско столче вас ви текнало да почнете да работите на проект за сигурен пласман на земјоделските производи?
2. Ве прашувам освен што го прошетавте светот на државен трошок каде бевте изминатите две години кога Македонските земјоделци го фрлаа родот, и зошто не успеавте а им ветувавте дека ќе им обезбедите пласман на нивниот труд и егзистенција на нивните семејстава?
3.Исто така Ве прашувам зошто заедно со вашите и со советниците од кабинетот на Зоран Заев кој се дебело платени со народни пари не успеавте да го исполните ветувањето за зелената нафта,гарантниот фонд,повисоките откупни цени,повисоките субвенции и безброј други проекти?
И само за крај сакам да ви порачам дека успеавте да избегате од телевизиско соочивање со мене ама нема да избегате од соочувањето со народот и со земјоделците на наредните Парламентарни избори!!! Напиша на својот Фејсбук профил, Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус