петок, 4. декември 2020. Вести денес: 93
Во живо

ВМРО-ДПМНЕ денес со блокада во Скопје и со протест во 20 градови, оставка на Заев веднаш!

home Вести

Трипуновски од струмичко: Им ветив на земјоделците дека ќе дадам се од себе да ги решам нивните проблеми

Трипуновски од струмичко:  Им ветив на земјоделците дека ќе дадам се од себе да ги решам нивните проблеми

Дополнителниот технички министер за земјоделие Цветан Трипуновски денеска беше во посета на струмичкиот регион.

По тој повод тој сподели и статус на својот Фејсбук профил.

-Еден дел од денешната посета на струмичкиот регион. Ги посетив село Сарај, општина Босилово, и село Сушица, општина Ново Село.

Во разговор со земјоделците слушнав голем број на поплаки за досегашното раководење на Трајан Димковски и СДСМ со МЗШВ. И од нив повторно ја добив истата информација дека се касни исплатата на државните субвенции, исплатата на земјоделските производи, а откупот на истите во откупните центри е по катастрофални цени.

Внимателно ги слушав и им дадов ветување дека како дополнителен заменик министер ќе дадам се од себе да ги решам проблемите на земјоделците, бидјеќи цврсто сум убеден дека силен земјоделец значи силна држава. Воедно ги охрабрив доколку се соочуваат со опструкции во делот на исплатата на субвенциите, како и опструкции од страна на СДСМ да го пријават случајот до мене за да можам во рамките на мојата надлежност да реагирам, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Коронавирус