сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Трипуновски од Охрид: Минатата година не се изврши порибување на Охридското езеро, под знак прашалник рибниот фонд

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска е во посета на Охрид и охридскиот регион каде што имаше и средни со граѓаните.
Трипуновски од Охрид:  Минатата година не се изврши порибување на Охридското езеро, под знак прашалник рибниот фонд

Согласно моите активности сум во охридско и најнапред сакам на сите граѓани да им го честитам празникот Св. Наум, да посакам среќа, здравје и успех во нареднава година, вели Трипуновски.

-Она што сакав да го потенцирам од средбите кои што ги имав денеска во охридскиот регион е негрижата која што ја имаа Владата кон Охридското езеро, поточно кон рибниот фонд. Само за потсетување минатата година за прв пат после основањето на хидробиолошките завод од 1935 година, минатата година не се изврши порибување на Охридското езеро. Тоа е една катастрофална ситуација каде што практично го доведуваме до знак прашање рибниот фонд кој што постои овде, објаснува тој.

Исто ака во разговорите и информациите кои што ги добив е сомнителниот начин на порибување на Охридското езеро со јагула, каде што набавката беше извршена од Компанија ЕЛЕМ, додава Трипуновски.

-Согласно моите овластувања како дополнителен технички министер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство овие две активности ќе ги проверам и во наредниот период ќе ја информирам јавноста за сите злоупотреби и несериозен однос кој што го прави владата во делот на Охридското езеро, едно од природните богатства кои што ги има Република Македонија, потенцира заменик министерот Трипуноски.

Оттука заминувам во Ресен каде што ќе имам средба со јаболко производителите, со овоштарите и ќе разговараме за актуелните проблеми кои што ги имаат и оние проблеми кои што ги имаа изминатиот период, истакна Трипуновски.

Коронавирус