понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 174
home Вести

Трипуновски од Могила: Земјоделците во мене можат да гледаат заштитник кој неуморно ќе се бори за нив!

Трипуновски од Могила: Земјоделците во мене можат да гледаат заштитник кој неуморно ќе се бори за нив!

Денот го завршив со посета на општина Могила. И покрај ладните температури се сретнав со голем број земјоделци од општината и поразговаравме за актуелните теми кои ги засегаат, напиша дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

-И во општина Могила проблемите во земјоделството се исти. Субвенциите доцнат, откупот на земјоделските производи оди лошо и со ниски цени, незаинтересираност од власта да ги слушне нивните барања и многу други проблеми, вели тој и додава:

„И од Могила го ветувам истото: Со сите сили и целата моќ што ја имам како технички заменски министер ќе се трудам и ќе работам да ги спречам манипулациите и притисоците кои ги трпат земјоделците од овој регион изминативе години. Земјоделците во мене можат да гледаат заштитник кој неуморно ќе се бори за нив!“.

Коронавирус