недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 56
home Вести

Трипуновски од Могила: Државата пропаѓа, граѓаните живеат се полошо, а Заев ги распродава националните и државните интереси

Трипуновски од Могила: Државата пропаѓа, граѓаните живеат се полошо, а Заев ги распродава националните и државните интереси

Согласно агендата на ВМРО-ДПМНЕ и дел од акцијата Лето за Македонија денеска заедно со мојот тим сме во посета на општина Могила, каде што потоа заминуваме на посета на средба со граѓани во општина Новаци. Од средбите кои што ги остваривме тука можам да заклучам и целосно да кажам дека граѓаните се загрижени за тоа во која насока се движи државата, изјави денес по посетата во Могила, Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Додека нашиот северен сосед има инвестиции од милијарда евра, кај нас државата пропаѓа. Во разговори со земјоделците, тие го истакнуваат своето незадоволство во делот на земјоделското производство. Сето она што е произведено изминатава година, буквално е фрлено на ѓубришта. Ниту пченицата, ниту пиперката која што е актуелна за откуп овој момент, ниту имаат цена, ниту имаат пласман. И сето ова се случува додека Зоран Заев и неговиот министер Николовски го премолчуваат сето ова, вели Трипуновски.

Тој додава дека граѓаните го нотираат и капитулантскиот договор кој што го потпиша Зоран Заев.

-Тој ги убедува граѓаните доколку референдумот успеел државата ќе тргнела напред, ќе се отворел пазар од 500 милиони евра, ќе се пласирале земјоделските производи, а притоа бега од дуел со претседателот Мицкоски, каде што треба да се соочи и да каже дека тој договор работи против националните и државните интереси, дека со тој договор се менува идентитетот и историјата на Република Македонија, нагласи членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Трипуновски нагласува дека бега од дуел затоа што вистината боли, затоа што на маса ќе паднат маските кој е за Македонија а кој е против Македонија.

-Граѓаните посочија дека не треба да имаат посебни визионерски способности за да предвидат дека владата на Зоран Заев е неспособна да ја води државата, неспособна да го води земјоделието, здравството, образованието, економската политика.Исто така сакаме да порачаме дека овие стеги ќе паднат кога Зоран Заев ќе замине од власт, за да државата оди напред, да се движи во една позитивна насока, тоа мора да се случи што е можно поскоро, нагласи тој.

Коронавирус