четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 170
home Вести

Трипуновски: Николовски да ги исплати субвенциите на тутунарите

Трипуновски: Николовски да ги исплати субвенциите на тутунарите

Николовски, прекини со твоите глупости и под итно исплатете ги субвенциите на тутунарите! Се вели во Фејсбук статусот на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ајде тоа што НЕ работиш во интерес на земјоделците, човек може и да те сфати бидејќи толку разбираш. Но, да ја потценуваш интилигенцијата на тутунарите и да ги убедуваш дека заради некои измени во законот кои требало да се направат , тие да не можат да си ги добијат субвенциите па плус и да ги убедуваш дека тоа е во нивни интерес е навистина без осет и човечност. Па дали некој ти кажал дека ЗАКОН ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО И РУРАЛЕН РАЗВОЈ постои и според тој закон кој го донесе ВМРО ДПМНЕ години наназат се исплаќаат субвенциите, и се додека не се промени истиот важи старото законско решение со кое исплата на субвенции на тутунот требаше да биде во МАРТ така да оваа лага не ти поминува кај тутунарите. Бидејќи не знам дали знаеш, а сигурно незнаеш дека земјоделството не е како далечинското од климата во твојот кабинет, кога сакаш пушташ топло кога сакаш ладно, земјоделството има строго дефинирани рокови на садење и берење, а рокот за садење на тутунот е СЕГА . А доколку немате пари во буџетот чесно е да им кажете на тутунарите за тие да си го бараат чарето бидејќи нив им се најпотребни парите СЕГА И ВЕДНАШ, истакна Трипуновски.

Коронавирус