понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 62
home Вести

Трипуновски: Народот треба сам и без никакви влијанија да одлучи како ќе постапи на референдумот

Трипуновски: Народот треба сам и без никакви влијанија да одлучи како ќе постапи на референдумот

Денеска Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ оствари средба со граѓани, каде што посочи дека ова се историски моменти за Република Македонија, за сите граѓани на оваа држава, бидејќи секоја генерација има своја битка.

СДСМ понижи државата надвор, со договорот со Грција, со кој се направени големи отстапки и трајно се нарушени позициите на Република Македонија, и не е во интересите на државата, потенцираше Трипуновски и додаде:

„Со овој договор се губи идентитетот, историјата и културата. Ќе се гласаат Уставни амандмани кои никој не знае што ќе содржат. И згора на се Заев бега од дебата, бега затоа што нема одговор на суштинските прашања.“

Трипуновски при самата средба со граѓаните го повтори ставот на партијата дека народот треба сам и без никакви влијанија да одлучи како ќе постапи на референдумот.

Коронавирус