понеделник, 17. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Трипуновски на среба со земјоделците од Делчево

Трипуновски на среба со земјоделците од Делчево

Го посетив село Град во Делчево и имав долг разговор со земјоделците од овој регион и доколку цел ден го поминев тука повторно времето ќе беше кратко за да ги слушнам сите проблеми.

Овоштарите од Делчево се уште ја чекаат исплатата за штетите предизвикани од мразот во 2016 година. Буквало никој нема добиено оштета за процена направена во далечната 2016. Сточарите пак се жалат за неисплатените субвенции за млекото како и за житните култури. Премногу проблеми, а министерството спие три години.

Ќе превземам се што е во моја моќ за да дознаам зошто не се исплатени оштетите на сливарите како и за другите субвенции. Ветувам дека по 12 април доцнењето и неисплаќањето на обврските кон земјоделците ќе биде минато.