понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 154
home Вести

Трипуновски: Лозарите се соочуваат со несериозна влада која носи адхок мерки кои не носат решение за катастрофата во која се наоѓа земјоделието

Трипуновски: Лозарите се соочуваат со несериозна влада која носи адхок мерки кои не носат решение за катастрофата во која се наоѓа земјоделието

Членот на ВМРО-ДПМНЕ и експерт за земјоделство Цветан Трипуновски, денеска како гостин во Собранието на РМ, на седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство истакна дека оваа година е можеби една од најтешките години во лозарството во Република Македонија. Работите воопшто не се добри, односно се случува катастрофа во лозарството, односно во земјоделскиот сектор, поточно во откупот на грозјето од реколтата од 2020 година. Ништо не е направено во изминатиот период за да се спречи оваа ситуација во која што се наоѓа лозарството денес. Освен политички говори, обвини тој, граѓаните и земјоделците не слушнаа никакви аргументи.

Она што Трипуновски го потенцираше е дека вчера и самите лозари и од двете организации на седница на Комисијата, кажаа дека комуникацијата со сегашното Министерство е многу лоша и дека и онаа мала комуникација што била не вродила со плод.

-Спомнувате 2005-та субвенции. Па, јас би Ве запрашал колку беа тие субвенции во 2005-тата, а колку во 2016-та и оние кои што се денеска. Кажувате дека ИПАРД 1 имал многу мала искористеност, а денеска се очекува да биде 80 проценти. Би Ве запрашал колку од овие наводни проценти се инвестиции во преработувачкиот капацитет, односно во потсекторот во земјоделието. Кажувате за саеми, промоции и така натака но, она што можам да го заклучам е дека освен потрошени народни пари, ефектот воопшто не е видлив. Би сакал да се задржам највеќе околу цените, бидејќи тука кажувавте одредени суми кои што биле тенденции изминатите години. Пред мене го имам годишниот извештај за земјоделство од 2019-та година, кој што исто така е објавен на веб страната на Министерството за земјоделство. Би ве корегирал и би ве демантирал во неколку работи. Прво, Смедеревктата откупната цена просечна во 2017-та година изнесувала 11.25 денари. Просечната откупна цена во 2019-та, тоа е минатата реколта, изнесувала 10.38 денари. Тоа е за пад од 16.6 проценти. Во делот на Вранецот кажавте дека имал пораст, но просечната откупна цена за 2017-та е 13.75 денари. Просечната цена за 2019-та година е 12.57 денари. Тоа е пад за 14.3 проценти. Да не заборавиме минатата година Вие бевте клучен фактор во Министерството за земјоделие и креиравте политики. Исто така, во 2013-та година се откупени 163 милиони килограми грозје. Во 2014-та и 2015-та година, откупени се 155 милиони килограми грозје. Во 2016-та година според податоците од министерството се откупени 125 милиони килограми грозје. Но, еве ќе ја издвојам на пример 2017-та година, таа година се откупени само 55 милиони килограми грозје. Имаме тука десеткување на родот во тој период. Во 2019-та година немаше Ковид19 криза, ниту суша ниту други ситуации, а се откупени само 96 милиони килограми грозје. Не слушнав за тоа што направивте за да ја спречиме оваа ситуација во која се наоѓаат денеска лозарите. Ниту една конкретна мерка, ниту еден конкретен предлог. Освен политички флоскули, друго не употребивте, рече од говорницата Трипуновски.

Според Трипуновски, во моментот има влада која што има несериозен пристап и сите оние мерки кои што се носат се адхок мерки кои не носат решение за катастрофата која се случува во земјоделието.

– Факт е дека лошо се диригира со министерството. Сите политики што се креираат не даваат резултат во земјоделието. Да видиме и дали има инвестиции во преработувачкиот сектор лозарство во Република Македонија. Дали имаме некој преработувачки капацитет во овој сегмент. Дали се инвестираше во системите за наводнување последниве години, праша Трипуновски.

Тој посочи дека и самите лозари вчера на седницата потенцирале дека биле исклучени од целата дискусија околу проблемите со кои се соочуваат. Неколку пати, Трипуновски додека бил заменик технички министер за земјоделство, алармирал и потенцирал и се обратил писмено до тогашниот минитсер Димковски и до Секторот за вино, да се седне на заедничка маса и без политички поени да се разговара за откупот на винското грозје.

-Уште тогаш апелирав дека ќе биде критично. Меѓутоа ниту од минитсерот, ниту од инспекторатот, ниту од секторот за вино не се најде за храброст да се одговори на дописите. Имав предлози, имав решенија но, не се најде време да се седне на заедничка маса. Исто така, неможам а да не го споменам Инспекторатот кој делува како да е на колективен годишен одмор. Околу сетот за економски мерки, посочи Трипуновски, кој помпезно се најавуваше од министерот, освен на хартија, нема никакви други антикризни мерки.

Коронавирус