недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Трипуновски: Љупчо Николовски и СДСМ ги излажаа лозарите

Трипуновски: Љупчо Николовски и СДСМ ги излажаа лозарите

Љупчо Николовски и СДСМ ги излажаа лозарите. Лага е дека го решиле проблемот со Повардарие. На лозарите едвај и селективно им исплатија дел од парите,дополнително во тој процес не се опфатени лозарите кои имале предадено грозје преку откупувачите.Значи не се исплатени во целост, ниту пак им е дадено нешто, ова денеска како рекција до јавноста го пишува на својот Фејсбук профил дополнителниот министер за земјоделство Цветан Трипуновски.

-Лага до лага. Ако беа толку успешни во лозарството немаше лозарите да си ја удираат главата во зид кај да го продадат она што го произвеле. Љупчо и ти и Зоран ветивте сигурен откуп и високи откупни цени, ништо од тоа нема. Ниту откупот е сигурен, ниту цените високи. Да беше толку сјајно земјоделието со СДСМ немаше да избегаш од МЗШВ и да се сокриеш во партиското столче, од каде ти е лесно да шириш демагогии. Земјоделецот на терен живее лошо. Субвенции не им се исплаќаат со години, оштета не им се дава, откуп нема, а кога го има цените се ниски. Се на се една голема катастрофа. Љупчо земјоделците се против СДСМ, во тоа ќе се увериш на 12 април, стои во неговата реакција објавена на Фејсбук.

Најнови вести

Коронавирус