петок, 4. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Трипуновски: Квази мерката „Зелена нафта“ е фиктивна и нема реално да ги реши проблемите на македонските земјоделци

Трипуновски: Квази мерката „Зелена нафта“ е фиктивна и нема реално да ги реши проблемите на македонските земјоделци

Денеска бевме сведоци каде премиерот Зоран Заев на една наместена и фингирана ситуација ја промовираше мерката „Зелена нафта“. Квази мерката „Зелена нафта“ која што неколкупати потенциравме дека е фиктивна и дека нема реално да ги реши проблемите на македонските земјоделци. Јас ги повикувам премиерот Зоран Заев и неговиот министер заедно да појдеме во било кој крај на Република Македонија и да ја видиме реалната ситуација во која што се наоѓа македонското земјоделство, изјави денеска членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Цветан Трипуновски кој додаде:

„Оваа е сликата позади мене која што е реалната и вистинската ситуација во Република Македонија. Позади мене гледаме фрлени праски кои што земјоделците не можат да ги предадат на откупувачите. Затоа што првин нема откуп, а второ нема н цена. Јас го повикувам премиерот Зоран Заев заедно со неговиот министер да одговорат према македонските земјоделци, према македонската јавност каде се сите проекти кои што ги ветуваа во предизборието, во 2016-та година?“

Трипуновски прашува каде е гарантниот фонд?

„Нели ќе се тепаа откупувачите за повисоки откупни цени и сигурен пласман? Да одговори премиерот Зоран Заев заедно со неговиот министер, зошто мерката „Млад земјоделец“ доцни веќе една година? Мерка која што треба да ги задржи младите луѓе во Република Македонија. Да одговори зошто се доцни со ИПАРД програмата и реализацијата на повиците? Да одговори зошто субвенциите се стопирани? Да одговори зошто на производителите на јаболка не им се исплаќа дополнителните 5 денари ветена субвенција? Да одговори почитуваниот премиер Зоран Заев зошто на оризарите, на сливарите од Радовишко и Малешевијата доцни исплатата на дополнителната субвенција? Да одговори премиерот Зоран Заев зашто го донесоа во колапс македонското земјоделство?, потенцираше тој и подвлече:

„Почитуван Заев, ако сте толку сигурни во вашите успешни т.н. проекти ајде да излеземе на избори и македонскиот земјоделец, македонските граѓани нека ја кажат правата слика. Македонскиот земјоделец и македонските граѓани нека оценат дали вашите проекти се успешни или не. Охрабрете се и конечно да излеземе и да се соочиме со македонскиот народ.“

Најнови вести

Коронавирус