сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 90
home Вести

Трипуновски: Ќе го вратиме достоинството на македонскиот земјоделец

Трипуновски: Ќе го вратиме достоинството на македонскиот земјоделец

Денеска е голем ден. Денеска практично владата и Зоран Заев заминуваат од своите позиции што претставува еден позитивен чекор за Република Македонија, изјави Цветан Трипуновски, дополнителниот заменик министер за земјоделство во телефонското јавување во емисијата Слободна ТВ.

Триупуновски посочи дека Заев, Николовски и сегашниот министер од СДСМ Трајан Димковски го погазиле и потчиниле македонскиот земјоделец со водење на погубни политики.

-Јас како дополнителен заменик министер за земјоделство во техничката влада кој што директно ги знае сите погубни политики кои што ги водеше Зоран Заев, тогашниот министер Љупчо Николовски и сега Трајан Димковски кои што практично за овие три години го погазија и потчинија македонскиот земјоделец, вели тој.

Трипуновски нагласи дека неговиот начин на делување како дополнителен заменик министер во техничката влада ќе биде токму креирање на политики кои што ќе придонесат за силен и просперитетен земјоделец.

-Она што ќе значи мое делување во министерството е враќање на достоинството на земјоделецот креирање на политики кои што ќе значат економски силен и просперитетен земјоделец. Значи, земјоделците дојдоа пред влада со своите продукти изреволтирани од Заев и неговите политики кои што не ги исполни во 2016 година, а тој и Оливер Спасовски ја повикаа полицијата да се брани од земјоделците, рече Трипуновски.

Коронавирус