понеделник, 16. септември 2019. Вести денес: 96
home Вести

Трипуновски: Идејата за слободна и независна Македонија не умира и после многу генерации!

Трипуновски: Идејата за слободна и независна Македонија не умира и после многу генерации!

Во чест на Мирко Пецев, Ѓорги Јармов, Ѓорги Костуранов, Борис Белев и Стево Топчев, стрелани на 13 август 1951 година во Социјалистичка Република Македонија од страна на комунистичките власти поради политичко неистомисление, напиша на Фејсбук Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Младите деца на возраст од 20 до 23 години подолго време биле следени од комунистичките власти и УДБА, за на крај да бидат собрани од игранка во Градскиот парк, однесени на Беласица и егзекутирани. Со по два куршума, еден во глава, друг во гради петте струмички студенти умираат за идејата за слободна и независна Македонија. Идејата за слободна и независна Македонија не умира и после многу генерации! Да живее ВМРО-ДПМНЕ! Да живее организацијата!, додава Трипуновски.

68 ГОДИНИ НЕПРЕБОЛ: На денешен ден се убиени петте струмички студенти!