четврток, 21. септември 2023. Вести денес: 108
home Вести

Трипуновски: Граѓаните се длабоко разочарани од политиките и проектите кои ги води СДСМ и Владата на Заев

Трипуновски: Граѓаните се длабоко разочарани од политиките и проектите кои ги води СДСМ и Владата на Заев

Согласно агендата на ВМРО-ДПМНЕ, „Лето за Македонија“ денеска сме во Општина Богданци, од каде што потоа заминуваме во Општина Гевгелија, истакна Цветан Трипуновски, член на ИК, кој денеска беше на теренска посета заедно со Орце Ѓорѓиевски и Дајанчо Ефтимов во Општина Богданци.

-Согласно контактите кои што ги направивме денес со граѓаните од оваа општина, мислењата не се ништо различни од претходните општини кои што ги посетивме, а тоа е дека граѓаните се длабоко разочарани од политиките и проектите кои што ги води СДСМ и Владата на Зоран Заев. Се дискутираше за актуелната политичка состојба во нашата држава и сите економски теми кои што ги засегаат граѓаните, меѓутоа како што кажав сликата не е ништо поразлична од другите градови во кои што изминатиов период бевме, истакна тој и додаде:

„Имено граѓаните се разочарани од односот спрема земјоделците, односот спрема образовниот систем и сите оние сфери на општествено делување. Неминовно беше да се спомне и оној капитулантски договор кој што Зоран Заев го потпиша со Република Грција, Договор е против нашата историја, против нашиот идентитет и против нашето име. Граѓаните се изречито против тој договор и своето мислење ќе си го искажат на 30 септември. Повеќе од евидентно е дека Зоран Заев очигледно бега од дебата бидејќи сите овие проблеми кои што ги тежнеат нашите сограѓани, не сака да се соочи за да дискутира за истите на ТВ дебата. Иако во минатото постојано говореа дека се тие гарнитура која што сака за се и сешто во државата пред се да дебатираат па потоа да го донесат и да го изгласаат, меѓутоа со ваквата постапка не се за тоа“.

Зоран Заев, подвлече, бега од дебата затоа вистината боли, затоа граѓаните изминативе година ипол претрпеа многу страв, неправди и нивниот живот е речиси на едно најниско ниво.

-Мислам дека Република Македонија ќе тргне напред кога Зоран Заев ќе си замине од власт. Кога ќе се пуштат стегите на сите граѓани во Република Македонија. Согласно актуелната ситуација мислиме  дека ќе се случи многу скоро во Република Македонија и сите оние погубни политики кои што ги води власта треба да доживеат дебакл.

Најнови вести