понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 90
home Вести

Трипуновски: Главен виновник за поплавите е АД Водостопанство, тие се задолжени за одводнување, а изминатите години освен профит од нелегалниот ископ на чакал ништо не работеа

Трипуновски: Главен виновник за поплавите е АД Водостопанство, тие се задолжени за одводнување, а изминатите години освен профит од нелегалниот ископ на чакал ништо не работеа

Денеска сум на покана на градоначалниците кои што се опфатени со поплавите извесен период, рече на прес конференција, Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Разговаравме за сите можности кои што стојат на располагање, се советувавме како во наредниот период да не се повторат вакви ситуации и навремено да се превенираат. Она пто морам да го потенцирам е дека еден од главните виновници за ова кое што се случи пред недела дена е АД Водостопанство на Република Македонија затоа што тоа е претпријатие кое што има законска обврска да се да се грижи за наводнување, но исто така и за одводнување на површините ширум Република Македонија, дали се работи за земјодлеските површини, или уредување на речните корита кои што се наоѓаат на нашата територија. За жал сведоци бевме изминатите 5 години дека АД Водостопанство освен правење профит од нелегалниот ископ на чакалот од речните корита, луксузирање на државен трошок, практично ништо не се работеше и затоа денеска можеме да заклучиме дека вакви ситуации ни се случуваат. Она то исто така сакам да го потенцирам е дека градоначалниците и на ваква иницијатива, и покрај тоа што изостана помошта од страна на централната власт успешно успеа да се справи со ваква ситуација и ова координација која ја наравија помеѓу себе и во иднина и во наредниот период се превенираат вакви ситуации, затоа што пред се граѓаните заслужуваат однос каков што треба, а не како што го практикува СДСМ во изминатите 5 години, истакна Трипуновски.

Коронавирус