вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 81
home Вести

Трипуновски: Евтин популизам, манипулации и празни ветувања се карактеристика за политиките на СДСМ во земјоделството

Трипуновски: Евтин популизам, манипулации и празни ветувања се карактеристика за политиките на СДСМ во земјоделството

Евтин популизам, манипулации и празни ветувања се карактеристика за политиките на СДСМ во земјоделството!, вели Цветан Трипуновски, претседател на комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.

-Интервентниот фонд го ветувавте уште во 2016 година, а денес по предлог на амандман на опозицијата за формирање на интервентен фонд излегувате и се фалите. Брука!

Георгиевски, гарантирам дека не ни знае како и кога би се користеле овие средства но тоа е таа безидејност и нестручност.

Денес дотичниот требаше да им каже на сточарите кога ќе ги земат субвенциите за млеко кои ги чекаат уште од 2019, или откупот на оризот кој стои по амбарите неоткупен, да каже како може да се преживее со 2 денари откупна цена кај јаболкарите и за сите оние проблеми кои се наталожени кај земјоделците….

Луѓе како Георгиевски несмеат и незнаат да креираат добри политики, единствено се добри во криминалот кој го практукуваат ама за тоа во некое идно време!, пишува Трипуновски на Фејсбук.

Коронавирус