понеделник, 16. септември 2019. Вести денес: 96
home Вести

Трипуновски до Заев: Народот е тој кој ќе те тужи, пресуди и архивира правосилна пресуда за твоето политичко пензионирање, кое доаѓа наскоро

Трипуновски до Заев: Народот е тој кој ќе те тужи, пресуди и архивира правосилна пресуда за твоето политичко пензионирање, кое доаѓа наскоро

Ќе тужел човекот. Го заболе вистината, која е само пренесана. Зоране наместо да се закануваш на новинари и да наштетуваш на луѓе, како што тоа го правиш изминативе три години со нивно ставање во затвор, со монтирани истраги, со репресија од институциите, да земеше да кажеш што направи за граѓаните. Додека ти тужиш новинари затоа што ти го откриваат криминалот, детето на тутунарот, слуварот, јаболкарот, градинарот, сточарот… плаче. Плаче затоа што татко му и мајка му неможат да му овозможат нормален живот, бидејќи ти Зоране ветуваше сигурен пласман и високи откупни цени, а ништо од тоа нема. Имаме само чемер и јад, вели Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Луѓето се незадоволни, трета година гладуваат. А он ќе тужел. Можеш да тужиш кој сакаш колку сакаш. Веќе никој не ти се плаши, зошто во тоа препознаваат дејствија на еден исплашен во паника човек, кој се обидува ден повеќе да остане на власт, пишува Трипуновски на Фејсбук и додава:

„А народот? Народот е тој кој ќе те тужи, пресуди и архивира правосилната пресуда за твоето политичко пензионирање, кое доаѓа наскоро. Потребна е обнова на Македонија“.