петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 29
Во живо

Протест на ВМРО-ДПМНЕ против мафијата, за правда и слобода

home Вести

Трипуновски до власта: Наместо вашите 500 евра ветени плата, денес имаме 500 фамилии без плата- дали ова е нова мерка на СДСМ?

Трипуновски до власта: Наместо вашите 500 евра ветени плата, денес имаме 500 фамилии без плата- дали ова е нова мерка на СДСМ?

И денес молк во владата и во АД Водостопанство. И наместо некој да сноси одговорност, тие на ангро трошат државни пари за коктели во време кога претпријатието не може да подели плата веќе два месеци, истакна Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Прашуваме, како се чувствувате господине Заев? Кога заедно со Николовски и неговиот министер Димковски 500 фамилии немаат за леб, а вие пиете скапи вина и се луксузирате. Зарем не е срамота и нехумано? Прашуваме, наместо вашите 500 евра ветени плата, денес имаме 500 фамилии без плата. Дали ова е новата мерка која што ја воведува СДСМ? Прашуваме, дали е потребно некој да се разболи, и да не може да си го покрие лекувањето за да пуштите плата? Прашуваме, дали е потребно на некој да му биде запленета куќата поради неможноста да си ја плати кредитот за да вие пуштите плата?, рече Трипуновски и додаде:

„Што треба да се случи господине Заев, за 500 вработени во АД Водостопанство да си ја земат чесно и поштено заработената плата?“.

За ова, според Трипуновски нечовечко однесување, некој мора да сноси одговорност.

Коронавирус