среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 166
home Вести

Трипуновски до СДСМ: Додека јас и ВМРО ДПМНЕ бевме и се уште сме за НАТО и ЕУ вие бевте за нешто друго

Трипуновски до СДСМ: Додека јас и ВМРО ДПМНЕ бевме и се уште сме за НАТО и ЕУ вие бевте за нешто друго

Цветан Трипуновски членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ по повод вчерашната реакција на неговата прес-конференција преку својот Фејсбук профил објави статус кој ви го пренесуваме интегрално:

-Почитувани господа од СДСМ чустувам потреба да ви се обратам со неколку реченици мотивиран од вашата реакција на мојата денешна прес конференција, имено: Пред да се бламирате јавно окулу вашето елементарно непознавање на тема земјоделство барем да се јавевте и да се информиравте кај вашите производители на јаболка во Ресен и така ќе изгледаше дека имате основно познавање окулу производството и приносот на јаболко. Како прво бројките изнесени во мојот прес се однесуваат на производната 2018 година, а не беше земена некоја претходна година како што вие господа од СДСМ земате за пример години кои вас ви одговараат. Како второ еден добар дел од насадите оваа година беа уништени од град, следствено на тоа производителите оваа година беа приморани целото свое производство да го соберат како  ,,индустриско јаболко” и затоа бројките од пресот ви изгледаат преголеми, а вашите податоци ги преземате од Wikipedia наместо да се симнете на терен и да ја запознаете реалната состојба. Можеби бројките со кои манипулирате во вашата реакција се однесуваат на М9 подлогата за која сте слушнале, а не сте виделе со голо око.За ваша информација во Преспа најзастапена е 106 подлогата која без никаков проблем дава принос како што наведов денес… И за крај престанете да манипулирате и да ја потценувате земјоделската мака.
ПС:Додека Јас и ВМРО ДПМНЕ бевме и сеуште сме за НАТО и ЕУ вие бевте за нешто друго, ама тоа во друга прилика, стои во статусот на Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус