вторник, 7. јули 2020. Вести денес: 119
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

Трипуновски до Николовски: Твојот шеф Заев и брат му Вице кршеа политички час да делат поткуп и го загрозија здравјето на луѓето

Трипуновски до Николовски: Твојот шеф Заев и брат му Вице кршеа политички час да делат поткуп и го загрозија здравјето на луѓето

Љупчо, директно твојот шеф Зоран Заев и неговиот брат – Вице, во Струмица ставија во ризик стотици луѓе, Ваши активисти и цело маало, со цел да соберат политички поени. Кршевте полициски час за да делите поткуп, а кога Ве фатија и санкционираа, Заев пишуваше фејсбук статуси и обвинуваше за политички притисок.

Дали Наќе Ви е виновен и за тие масовни собири кои ги правевте при распределба и делење на поткупот организиран од Заеви!?

Зошто кога Ви поведоа постапка обвунувавте за притисок!?

Дали Наќе е виновен и што не го уапси Оливер Спасовски, кој во ек на коронавирус си тераше партиска кампања и стави во ризик десетици, поточно стотици луѓе во ризик!? Или ако преземеше дејствија ќе се жалевте наоколу дека трпите политички притисоци, а Вие всушност го кршите законот!?

Срамота Љупчо! Покажи грам срам, наведни ја главата и не пишувај за да го револтираш народот. Твоите пајташи со дозволи од партијата го злоупотребуваа полицискиот час и делеа поткуп, ширеа зараза и ставаа луѓе во опасност.

Народот ве гледа. Следува казна многу скоро!

Фејсбук статус на дополнителниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

Парламентарни избори 2020