четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 0
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Вести

Трипуновски до Николовски: Откако го искешира Заев, 1.4 милиони, седна да пишуваш писма, наместо да обезбедиш откуп за земјоделците

Трипуновски до Николовски: Откако го искешира Заев, 1.4 милиони, седна да пишуваш писма, наместо да обезбедиш откуп за земјоделците

Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук му се обрати до Љупчо Николовски, министерот за земјоделие.

-Се јави Љупчо Николовски откако го искешира Заев со 1.4 милиони евра, седнал да пишува писма колку е загрижен за земјоделците.

Љупчо Николовски, наместо да пишуваш писма, или да објавуваш што некој друг ти напишал, организирај откуп за зелката, краставицата, доматот и јаболката. Земи обезбеди извоз по високи цени на оризот уште од сега, светска криза е, сите земјоделски држави книжат профити, а тебе како министер произведеното ти скапува на нива. Нели ти е срам?

Мизерно и одраз на најголема неспособност е да си министер за земјоделство во ек на најголема светска криза за храна, а храната произведена од твоите земјоделци да скапува по нивите, и да не можеш да организираш пласман.

Цените на раноградинарските култури во Европа и Блискиот Исток рушат рекорди, а македонската зелка, краставици и домат скапува на нива или се продава по ниски цени.

Љупчо Николовски заедно со Заев неартикулирано викаше по митинзи дека ќе има високи откупни цени и сигурен пласман за земјоделските производи уште пред 5 години. Но и по половина деценија нема ништо од тоа.

Од година во година површините на посеви и засадени површини се намалуваат, а земјоделците наместо во Македонија одат да аргатуваат по нивите во странство. Не се проблем никакви закони, туку неспособноста на СДСМ, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Коронавирус