вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 180
home Вести

Трипуновски до Георгиевски: Исплашени сте од претстојниот пораз, па се обидувате повторно да лажете, земјоделците веќе не ви веруваат, доаѓа време на промени

Трипуновски до Георгиевски: Исплашени сте од претстојниот пораз, па се обидувате повторно да лажете, земјоделците веќе не ви веруваат, доаѓа време на промени

Денешната прес конференција на СДСМ и Гоце Георгиевски не е ништо друго освен што би рекле млатење слама на празно. Ниту земјоделците живеат подобро, ниту пак нивниот труд е платен и вреднуван, реагира преку социјалната мрежа на Фејсбук Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ваквите обиди за предизборен поткуп и свесно влегување во изборен инжињериг од владејачката гарнитура, е само доказ на страв и паника од претстојниот пораз.

Земјоделците најдобро на сопствена кожа ги чувствуваат погубните политики на СДСМ и затоа веќе не ви веруваат.

Ако веќе збориме со факти еве ви неколку:

-Субвенциите за земјоделците ги воведе владата на ВМРО-ДПМНЕ, а не СДСМ.
-Четири години сте власт а секоја година се соочувате со протест на тутунарите, лозарите, оризарите, сточарите,
-а за младите воопшто и да не ви кажувам, се уште чекаат реализација на мерката млад земјоделец.

Толку од вашите погубни политики.

На секој чекор ви се случуваат протести од револт и незадоволство, а вие се обидувате да прикажете дека земјоделците се задоволни.

Не ви поминува ова повеќе, трошите време на непотребни работи. Ако веќе сакате да направите нешто за земјоделците тогаш најдобро е наместо трошките кои им ги нудите, да понидите реална помош за нив. Се друго е само неуспешен обид.
На 17-ти октомври ви доаѓа крајот.

Доста е со поделби и разочарувања, доста е од незадоволство и револт.

Време е за нова надеж, иднина, проекти и реализација.

Време е за Македонија за сите луѓе!, пишува Трипуновски во својата објава.

Најнови вести

Локални избори 2021