среда, 23. јуни 2021. Вести денес: 140
home Вести

Трипуновски до Димковски и Спасовски: Почитувани љубители на бадем и лешник, купивте апетисани, а сега скратете од луксуз и дајте им на земјоделците

Трипуновски до Димковски и Спасовски: Почитувани љубители на бадем и лешник, купивте апетисани, а сега скратете од луксуз и дајте им на земјоделците

Почитувани господа од власта, Трајане и Оливер – љубители на макијато, еспресо, бадем и лешник! По 100 пат сте фатени во лага, а ова е доказот. Уште на 21 овој месец е архивиран мојот предлог за измена на програмата со цел пренамена на средства од луксузирање и шетање во исплата на субвенции за изминати години. Во прилог го прикачувам и доказот, реагира дополнителниот заменик министер за земјоделство шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

Предлогот за измена на програмата до владата го доставив преку МВР и министерот Наќе Чулев, затоа што Трајан Димковски е целосно некооперативен и го става партискиот интерес пред државниот.

Јас ја користам мојата позиција за да им помогнам на земјоделците. Од страна на Трајан Димковски сум целосно саботиран, и од негова страна до мене не е стигнат ниту еден документ, иако согласно закон имаме врзан потпис. За ова одговорност дополнително ќе има откако ќе се воспостави правната држава.

Земјоделците ни се важни, и затоа за потписите во друга прилика.

Трајане, Оливер, луѓето немаат леб да јадат, земјоделецот едвај преживува, знам дека сакате бадеми и лешници, ама сега купивте 700 килограми апетисани, се надевам доволно Ви се. Наместо на уште луксуз, пренаменете ги средствата од саемски патувања за субвенции. Веднаш!

Земете ја заслугата, ако сакате вие. Кажете дека ова ви текнало уште во јануари, ама исплатете им на земјоделците, повикува Цветан Трипуновски.

❌⚠️Почитувани господа од власта, Трајане и Оливер – љубители на макијато☕️, еспресо☕️, бадем и лешник?❗️По 1️⃣0️⃣0️⃣ пат…

Gepostet von Цветан Трипуновски am Dienstag, 28. April 2020

ЕУРО 2020

Македонија